Гвардиола минува низ криза: Не спијам, не јадам, психолошки сум лошо…!

Манчестер сити минува низ кризен период кој, се чини, го немал досега низ последнава декада во фудбалска Англија.

Сето тоа добро го чувствува и неговиот менаџер, Пеп Гвардиола, кој открива дека минува низ тежок период.

„Мора да признам дека не спијам добро, а не јадам како што треба затоа што имам проблеми со варењето на храната. Мора да јадам само нешто лесно, во спротивно имам тешки проблеми“ – вели Гвардиола, и дополнува:

„Да, минуваме низ тежок период но јас сум оној истиот тренер кој бев пред пет месеци. Оној што ја освои титулата во Премиерлигата. Сепак, психолошки сум во лоша ситуација, иако многу добро знам дека и ова ќе помине. Истото се случува кога сум многу среќен, иако и тогаш знам дека и тоа ќе помине“.

Манчестер сити има само една победа на последните десет меча, но Гвардиола вели дека ќе се надмине кризата.

„Прифаќам се што се случува, тоа е животот. Во оваа професија има тешки моменти, но знам дека Манчестер сити ќе се стабилизира. Не верувам дека тоа ќе биде оваа сезона затоа што имаме големи потешкотии. Но, ако успееме да се соземеме и оваа сезона, тогаш верувајте ќе биде тоа лошо за противниците“ – коментира Гвардиола.

Се вчитува...