Манчестер Сити ја продолжи битката за титулата во Премиерлигата. „Граѓаните“ освоија три бода на гостувањето кај Бормут славејќи со минимални 0-1, а решавачкиот гол го постигна Фил Фоден во 24. минута.
По мечот воодушевен беше менаџерот на шампионот на Англија, Пеп Гвардиола.
„Ги сакам моите играчи, тие се Супермени! Тие се толку добри. Ние сме заедно со години, играме секој трет ден, а Бормутт имаше седум дена да се подготви за натпреварот, ние секогаш имаме помалку. Така, кога луѓето велат дека играме во истите услови во Премиерлигата, тоа не е точно. Не, немаме исти, имаме многу повеќе да играме од другите, а ова е тешко гостување, тие имаат фантастичен тим, победија 3 -0 на Олд Трафорд“, вели Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА