Манчестер Сити и Монако одиграа меч за антологија во осминафиналето на Лигата на шампионите. На „Етихад“ беа постигнати осум гола, а по првите 90 минути „граѓаните“ остварија предност од 5-3. Францускиот тим два пати имаше водство, но Манчестер сити со неверојатен финиш стигна до триумф.
Сепак, менаџерот Пеп Гвардиола вели дека овој дуел ниту од далеку не е завршен.
„Ништо не е готово. Игравме против неверојатен тим и морам да бидам среќен со крајниот резултат. Напаѓавме и остававме простор позади за контранапади, а Монако тоа го казнуваше многу умешно. Тие се одличен тим, способен да постигне гол кога и да посака. Но, и тие имаат свои недостатоци. Играат премногу отворено и поради тоа им страда одбраната. Ќе има уште битка за пласман во четвртфиналето, тоа е сигурно“, изјави Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА