Манчестер сити го доживеа првиот пораз во Премиерлигата сезонава. „Граѓаните“ загубија со 3-2 на гостувањето од Норвич, само неколку часа откако претходно Ливерпул славеше со 3-1 против Њукасл.
„Пет бода зад Ливерпул се пет бода. Но ние сме во септември“ – истакна менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, по мечот и дополни:
„Што треба да направам? Можеби сакате сега да изјавам: ‘Честитки за Ливерпул, тие се новите шампион’. Ниту во една секунда не се сомневам во моите фудбалери“.
Гвардиола одби да ги критикува своите фудбалери и покрај грешките во одбраната, а Николас Отаменди беше едноставно очаен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА