Градскиот ривал Манчестер сити се вклучи во трката за играчот за врска на Монако, Фабињо, и сака да го „украде“ пред носот на Жозе Мурињо. Манчестер јунајтед веќе подолг период води преговори за ангажман на овој фудбалер на „Олд трафорд“, но, како што информираат медиумите на Островот, Пеп Гвардиола наредил тој да биде доведен на „Етихад“. Сега се очекува вистинска битка на гигантите од Манчестер за потписот на Фабињо.
Францускиот „Л’Екип“ пренесува дека во моментов Манчестер сити е поблиску до трансферот на Фабињо, пред се затоа што Мурињо сака да го доведе и Немања Матиќ од редовите на Челси. Во таков случај, Фабињо веќе би имал огромна конкуренција при евентуалното доаѓање на „Олд трафорд“.
Претходно во трката по одличниот Бразилец се вклучи и ПСЖ, но „кнезовите“ повеќе би сакале да го продадат својот фудбалер во Премиер-лигата, за да не го засилат директниот ривал за највисок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА