Гвардиола му го „крои“ наследникот на Арсен Венгер?

Французинот Арсен Венгер од далечната 1996 година е на кормилото на Арсенал и речиси сигурно ќе си замине на истекот на неговиот договор, во јуни 2019. Во меѓувреме, тој има задача да го пронајде неговиот наследник на клупата на „топчиите“. Неколкупати се најавуваше негово заминување од Арсенал, но раководството на клубот како да се плаши од големата промена што треба да се случи во клубот по повеќе од две децении.

Интересно е дека најсериозни шанси за да го наследи Венгер има Микел Артета, сегашниот прв помошник на Пеп Гвардиола во редовите на Манчестер сити. Тој пет години играше во дресот на Арсенал, од 2011 до 2016 година, му беше понудено да биде асистент на Венгер, но Шпанецот замина со својот сонародник во Манчестер сити. Неговиот договор со „граѓаните“ истекува токму во јуни 2019 година, по што би можел да се пресели на „Емирати“ и да ја преземе командата во Арсенал.

На обложувачниците во Англија, интересно, Диего Симеоне од Атлетико Мадрид важи за најсериозен кандидат за клупата на Арсенал, а веднаш зад него е Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд. Дури на третата позиција е Микел Артета.

Се вчитува...