Гвардиола му посака среќа на Солскјер : Тој е како мене!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола му посака среќа насвојот нов колега Оле Гунар Солскјер кој во сабота ќе дебитира на клупата на Манчестер јунајтед на местото на Жозе Мурињо.

Норвежанецот кој во играчката кариера за Јунајтед има одиграно повеќе од 300 натпревари, треба да биде привремено решение на тренерската позиција до крајот на сезоната кога се очекува да биде заменет со некое многу позвучно тренерско име.

Гвардиола коментирајќи ги промените во градскиот ривал, направи и една интересна споредба.

Тој е како мене. И двајцата добивме шанса да работиме во клубот во кој што игравме претходно и за кој знаевме како функционира. Мене не ми беше тешко да бидам тренер на Барселона бидејќи бев таму од својата 13 година, па не морав да се привикнувам. Се разбира дека станува збор за потполно различна работа и ситуација, но сигурен сум дека искуството од играњето во Јунајтед ќе му помогне и во тренерската работа во тој клуб. Му посакувам многу среќа“ – изјави Пеп Гвардиола.

Манчестер сити утре го пречекува Кристал Палас, а Манчестер јунајтед под водство на новиот тренер му гостува на Кардиф.

Се вчитува...