Манчестерското дерби кое го одбележа 9. коло во Премиерлигата заврши со убедлива победа од 6-3 на Манчестер Сити. „Граѓаните“ ги декласираа „црвените ѓаволи“ уште во првото полувреме (4-0), а интересно мечот заврши со два хет-трика на Фил Фоден и Ерлинг Халанд.
По натпреварот тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од победата, а на прашање за Ерлинг Халанд имаше интересна изјава шалејќи дека Норвежанецот требал да постигне пет гола.
„Му реков постигни пет гола, те молам. Ете што му реков. Тој точно знае што треба да направи на неговиот дел од теренот и тоа го направи“, низ смеа изјави шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА