Гвардиола на мака: Силва побарал трансфер во Барселона?

Бернардо Силва се наоѓа на излезна врата од Манчестер Сити, откако побарал од раководството на клубот да замине во Барселона.

Португалецот има желба да игра за шпанскиот великан, нешто за што е информиран и неговиот агент Жорге Мендеш кој има задача да преговара за вакво сценарио.

Проблем за Барса секако е трансфер сумата, бидејќи Силва потпиша нов договор за до 2025 година, а добрите настапи ја подигнаа неговата цена на фудбалскиот пазар.

Сити првично го проценува Силва на 100 милиони евра, но јасно е дека таа сума може да биде пониска за неколку десетици милиони, а Барселона би можела да покрие ваков трансфер само со евентуалната продажба на Френки де Јонг.

Се вчитува...