Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека утрешниот дуел со Наполи во Лигата на шампионите ќе биде исклучително тежок за неговиот состав. И двете екипи се во најдобра можна форма во домашните првенства, па шпанскиот стратег очекува квалитетен двобој.
„Среќен сум што имам можност да го водам тимот во натпревар кој знам дека ќе биде феноменален. Наполи моментално игра прекрасен фудбал, да не речам перфектен. Тие се многу динамични, особено во средината, имаат тројца разигрувачи кои цело време создаваат шанси за крилата и напаѓачот. Одлично се снаоѓаат во мал простор, но знам дека најтешко ќе ни биде со нивниот висок притисок. Наполи не е тим кој чека, туку сака што побрзо да постигне гол. Ако сакаат, можат да го „убијат“ мојот тим. Во последните 10 натпревари играат со скоро ист состав, не верувам дека Сари токму сега ќе се реши за комбинирана варијанта“, истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА