Гвардиола: Нашата цел не беа четири титули, тројна круна е задоволителна

Манчестер Сити сезонава го загуби и првиот трофеј. „Граѓаните“ вчера беа поразени од Њукасл во натпревар од 1/16 финалето на Лига Купот, и така остана без пехарот од ова натпреварување. Сити не успеа да го освои овој пехар ниту минатата сезона.

Сити вчера беше поразен со 1-0 од противникот, а Пеп Гвардиола кажа дека воопшто не е разочаран од поразот и од губењето на едниот пехар.

„Дали мислите дека нашата цел беа четирите титули? Тројна круна е повеќе од задоволителна“, рече Гвардиола.

Се вчитува...