Гвардиола: Навивам за Барселона, но ќе го сакам Сити до крајот на животот

Фудбалерите на Манчестер Сити, вчера го освоија ФА Купот откако во финалето го совладаа градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2-1 во финалето на „Вембли“.

Гундоган беше херој на мечот, откако погоди во 12. секунда и во 51. минута од средбата, додека за Јунајтед голот го постигна Фернандеш од пенал во 33. минута.

Така Сити се стекна со можноста да дојде до тројната круна, доколку во финалето во Лигата на шампионите го совладаат Интер.

„Сега можеме да зборуваме за тројна круна. Нормално, мораме да ја освоиме и Лигата на шампионите. Игравме многу добро за нашиот град и нашите навивачи. Јунајтед се бранеше човек на човек, не очекувавме да бидат толку ниско, но во вториот дел имавме повеќе простор. Сега ни следува одмор од два дена, и потоа да се подготвиме за Интер. Одиме во Истанбул во четврток наутро. Ова беше важно за нас. Убаво е да се земе ФА Куп. Јас сум навивач за Барселона, но ќе го сакам Сити до крајот на животот“, рече Гвардиола.

Се вчитува...