Гвардиола: Не би го менувал Ерлинг ниту за Меси ниту за Роналдо

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е воодушевен од настапот на својот напаѓач Ерлинг Халанд.

Англиските новинари го замолија шпанскиот тренер да го спореди првиот стрелец на „граѓаните“ со новодојденото засилување на Ливерпул, Александар Исак. Повод беше изјавата на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, дека Швеѓанецот е најдобриот напаѓач во светот.

„Го ставам Халанд малку повисоко. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е одличен. Исак мора да биде врвен играч штом толку му платиле. Некој друг би можел да ги именува Мбапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го менувал Ерлинг за никого“, рече менаџерот на Манчестер сити.

Ерлинг Халанд дојде во Манчестер сити во летото 2022 година од Борусија Дортмунд. Оттогаш, тој одигра вкупно 149 натпревари за „граѓаните“ и постигна 127 гола.

Се вчитува...