Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е подготвен да го продаде Лирој Сане, бидејќи не му се допаѓа како Германецот се снаоѓа во дефанзивните задачи, пренесуваат британските медиуми.
Баерн Минхен веќе стапи во контакт со менаџерот на германскиот фудбалер, пробувајќи да го доведе во своите редови, а на „Алијанц арената“ Сане би дошол како замена за Робен и за Рибери кои по долги години го напуштија клубот. По трансферите на Лукас Ернандез и Бенјамин Павар, Сане би бил третото мега-засилување на „баварците“ летово.
Сане сезонава за Манчестер Сити настапи на 47 меча, на кои постигна 16 гола и запиша 18 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА