Гвардиола: Не го доведовме Грилиш за да постигне 45 гола

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не очекува Џек Грилиш да постигне 45 гола, а критиките кон него се премногу остри. Грилиш е платен 100 милиони фунти, но се уште не ги исполнил очекувањата на навивачите.

Главен статистички параметар за секој офанзивен фудбалер е бројот на голови, но Каталонецот го негира ова.

„Грилиш можеби премногу слуша што зборуваат другите. Статистички гледано, игра слична како во Астон Вила, барем кога станува збор за контакт со топката. Не го купивме за да постигне 45 гола“, потенцираше Пеп.

Англискиот фудбалер оваа сезона постигна три гола на 25 натпревари во сите натпреварувања.

Се вчитува...