Миралем Пјаниќ дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Манчестер сити откако Пеп Гвардиола самиот ги демантираше новинарските шпекулации дека босанскиот ас е негова голема желба за преодниот рок. Се споменуваше и понуда од 60 милиони евра, Јувентус ја „зацементира“ сумата на 100 милиони, но Гвардиола е дециден дека ниту испратил понуда, ниту ќе го стори тоа во следниот период.
„Пјаниќ е играч на Јувентус, квалитетен фудбалер, но воопшто не ме интересира. На неговото место имам квалитетни играчи во тимот и затоа ниту сум испратил понуда, ниту пак ќе го сторам тоа до крајот на летово. Се уште немаме решено дали воопшто да купуваме нови играчи во овој преоден рок, но и да го сториме тоа Пјаниќ нема да биде еден од нив“ – истакна Гвардиола.
Ријад Марез е засилувањето што Манчестер сити го доведе летово на барање на својот стратег, а во последен момент пропадна трансферот на Жоргињо, кој се премисли и реши кариерата да ја продолжи во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА