Манчестер Сити победи само на една од последните 10 натпревари, а Пеп Гвардиола е во најголемата криза откако беше менаџер. „Граѓаните“ изгледаат загубено на теренот, а со повредите на Родриго и Ковачиќ , шпанскиот тренер нема вистинско решение на позицијата „шестка“. Пред дербито на Манчестер, Гвардиола беше прашан дали ќе донесе засилување во јануари.
Од 26 октомври, Сити го победи само Нотингем Форест (3-0), а во тој период загуби седум натпревари и забележа две нерешени средби. Последниот пораз го има од Јувентус во Лигата на шампионите (2-0), а шанса да се поправат против Манчестер Јунајтед ќе имаат в недела.
– Она што го сакам е да ми се вратат играчите! Очајно би сакал да се натпреварувам со тимот што го имав на почетокот на сезоната – изјави Пеп и продолжи:
– Отсекогаш сум велел дека ги сакам овие играчи, а не нови. Во моментов не знам дали ќе има засилувања, ќе видиме – изјавие менаџерот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА