Гвардиола: Не можам да прифатам дека на крајот примивме два гола и загубивме

Сезоната за заборав за Манчестер Сити продолжи и во дербито против Манчестер Јунајтед во 16. коло од Премиерлигата. „Граѓаните“ имаа добиен натпревар, целосна контрола и гол предност се до самата завршница кога се распаднаа во два минути дозволувајќи целосен пресврт во 88. и 90. минута.

Поразот го разочара и тренерот Пеп Гвардиола кој изјави дека со овој пораз само се продлабочи тешката сезона за клубот.

„Вакви работи за жал почнаа да ни се случуваат пречесто оваа година. Не бевме добри на начинот на кој што игравме. Претходно се би поминало така лесно. Сега се мачиме од различни причини. Многу вакви порази. Вложивме се и натпреварот беше речиси добиен. Тешко е да прифатиме дека на крајот примивме два гола и загубивме. За ова не е виновен еден играч. Ова дефитивно е тешка сезона за нас“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...