Манчестер сити е елиминиран од Лигата на шампионите, откако вечерва загуби од Монако со 3-1 во реванш-мечот од осминафиналето. Иако „граѓаните“ со два гола предност (5-3) дојдоа во Монте Карло, сепак, ја загубија уште во првото полувреме. Сане ги врати во игра, но Бакајоко им пресуди во вториот дел.
Ова беше јубилеен 100. натпревар за Пеп Гвардиола во Лигата на шампионите, но нема да го памети по добро, затоа што за првпат со свој тим е елиминиран во осминафиналето. Тој вели дека сите од неговиот тим ’биле на одмор’ во првите 45 минути.
„Не можете да одморате цели 45 минути и потоа да се надевате дека ќе се пласирате во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Им реков на фудбалерите пред мечот дека треба да покажат победнички карактер ако сакаме пласман понатаму, но тие тоа не го демонстрираа на теренот. Како да го немаше Манчестер сити цело прво полувреме, а противникот тоа знаеше да го казни. Одигравме добри мечеви во ЛШ оваа сезона, но кога беше најпотребно – ние потфрливме. Штета, се надевам дека ќе ја научиме лекцијата“, изјави Пеп Гвардиола по елиминацијата од Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА