Гвардиола: Не можеме веќе да се „вадиме“ дека сме немале среќа

Пеп Гвардиола со право е разочаран откако Манчестер Сити повторно прокоцка бодови во Премиер-лигата, овојпат ремизирајќи 2-2 на домашен терен против Кристал Палас, меч на кој англсикиот првак имаше водство од 2-0, но со пенал во судиското продолжение дозволи гостите да стигнат до бод.

Лекцијата дефинитивно не е научена, Сити пред неколку седмици ремизираше 3-3 на домашен терен со Тотенхем со гол примен во судиското продолжение, а претходно одигра и 1-1 против Ливерпул во дуел во кој во долг период доминираше, но дозволи гостите на крајот преку Трент Александер Арнолд да стигнат до реми.

„Не можеме веќе да се вадиме дека сме немале среќа. Некои работи ни се повторуваат, направивме пенал во финишот, така што заслуживме да ни се случи она што ни се случи. Исто и како против Тотенхем и против Ливерпул, долги периоди бевме одлични. И исто како и на тие ннатпревари, не успеавме да стигнеме до победата. Видовте колку шанси создадовме,моравме да го решиме победникот многу порано, цела сезона ни се повторува истиот проблем, не ги затвораме средбите кога можеме и потоа ни се случуваат вакви работи“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...