Гвардиола не му верува на Клоп: Ливерпул не е надвор од трката за титула!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, реагираше на зборовите на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дека неговиот тим отпаднал од трката за титулата.

Манчестер сити е водечки во Премиер лигата со 60 бодови од 24 натпревари. Ливерпул е втор на табелата со 51 бод од 23 натпревари, а Гвардиола е свесен дека против себе има ривал што никако не смее да се отпише од трката за трофејот.

„Не му верувам! Се разбира, сè уште е можно да се случат многу работи. Сигурен сум дека Јирген го чувствува истото, инаку не би бил толку страшен противник. Секако, тој верува дека Ливерпул допрва ќе се бори. Сè може да се случи во фудбалот. Тој знае дека неговиот тим треба да победи на многу натпревари, исто како и ние, за да се натпреварува за следната шампионска титула“, изјави Гвардиола за.

Сити денес од 18.30 часот ќе го одигра натпреварот од 25. коло против Норич на гостински терен. Ливерпул пак утре му гостува на тимот на Барнли.

Се вчитува...