Манчестер Сити игра феноменално оваа сезона, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола веќе размислува за иднината. Имено, шпанскиот стручњак решил да му понуди нов договор на дефанзивецот Џон Стоунс. Актуелниот договор важи до летото следната година, но Гвардиола не сака Стоунс да влезе во последната сезона од неговиот договор, па тој веќе подготвил понуда, финансиски „дарежлива“, што треба да го задоволи овој фудбалер.
Да потсетиме, Стоунс пристигна во Сити во 2016 година од Евертон, а во досегашната кариера играше и за Барнсли. Тој долго време важеше за промашено засилување на Пеп, но сезонава игра одлично како партнер во одбраната на Португалецот Рубен Дијаз.
Оваа сезона тој одигра 13 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи два гола. Гвардиола е фан на младите играчи, па ваквите квалитетни фудбалери не дозволува да заминат од неговиот клуб, а за ова сведочи и подготвениот нов договор кој ќе биде понуден на маса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

