Гвардиола: Не сакам да говорам за „тројна круна“

Манчестер Сити до крајот на сезоната може да стигне до „тројна круна“. „Граѓаните“ се во полуфиналето во Лигата на Шампионите и ФА Купот, а во Премиерлигата водат битка со Арсенал за продолжување на доминацијата и три титули едно по друго.

Во пресрет утрешниот натпревар против Шефилд Јунајтед во куп натпреварувањето тренерот Пеп Гвардиола доби прашање за освојување на трите преостанати трофеи, прашање за кое не сакаше да говори предвреме.

„Ќе зборам за „тројна круна“ кога ќе ги освоиме Премиерлигата и ФА Купот, пред финалето во Лигата на Шампиони. Е сега вие видете кога ќе биде тоа. Имаме „само“ 11 натпревари. Колку тимови во оваа држава освоиле „тројна круна“?“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...