Пеп Гвардиола по првата неуспешна сезона на чело на Манчестер Сити направи мал ремонт на тимот ослободувајќи се од играчите на кои нема да смета во иднина. Еден од нив е Џек Грилиш, најскапиот англиски фудбалер кој ќе премине на позајмица во Евертон до крајот на сезоната по што се очекува и да биде откупен неговиот договор.
Грилиш нема да биде единствениот кој до крајот на месецот ќе го напушти „Етихад“. По него се очекуваат и заминувањата на Мекати и Савињо, а англискиот гигант нема долго да остане и кус во ротацијата.
Според англиските медиуми наскоро ќе започнат преговори за трансфер на Родриго, отпишаната ѕвезда за кој повеќе нема место во Реал Мадрид. Бразилецот сакаше да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да се бори за своето место во тимот, но дадено му е дознаење што поскоро да бара нова средина.
Реализацијата на овој трансфер ќе го чини Манчестер Сити околку 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

