Манчестер Сити не запира со засилувањата во јануарскиот преоден рок, сега одлучувајќи да ја платат откупната клаузула за фудбалерот од средниот ред на Порто, Нико Гонзалес.
23-годише Гонзалес, кој има клаузула во договорот вредна 60 милиони евра, сега ќе биде член на Манчестер сити на инсистирање на Пеп Гвардиола. Гонзалес во 2023 година ја напушти Барселона поради жестоката конкуренција, па се пресели во Порто за осум милиони евра.
Согласно откупната клаузула, сега Порто ќе заработи 36 милиони евра, а Барселона 24 милиони од трансферот на Гонзалес во Манчестер сити.
Овој приход, како што пренесуваат шпанските медиуми, се очекува да и помогне на Барселона да го финансира потенцијалното доведување на Маркус Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА