Манчестер сити има убедливо водство на табелата во Премиер – лигата оваа сезона, но менаџерот Пеп Гвардиола и натаму сака да инвестира во составот и да го засилува со екстра фудбалери. Не успеа да го доведе Алексис Санчез, кој замина во градскиот ривал Манчестер јунајтед, но шефот на „граѓаните“ има друга идеја. Тој посакува Еден Азар, првата ѕвезда на Челси, на лето да дојде на „Етихад“.
Според медиумите на Островот, Манчестер сити е подготвен да плати 150 милиони фунти за трансферот на Азар, а Гвардиола во таков случај би му дозволил на Серхио Агуеро да си замине од клубот. Еден Азар оваа сезона за Челси одигра 20 натпревари во Премиер – лигата, постигна осум гола и забележа две асистенции.
За Белгиецот сериозен интерес покажува Реал Мадрид, и токму затоа Азар и засега одбива да потпише продолжување на договорот со раководството на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА