Еден од најдобрите фудбалски тренери Пеп Гвардиола неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити и ќе остане на клупата на „граѓаните“ до 2027 година побивајќи ги најавите за негово заминување од клубот кој со успех го води од 2016 година.
А, Манчестер Сити и ќе биде неговиот последен клуб во тренерската кариера. Тоа го откри на гостување кај Дани Гарсија и неговата емисија „Десмонтадито“.
„Сакам да го напуштам фудбалот и да играм голф, но не можам. Ќе дојде време кога ќе почувствувам дека е доста и тогаш дефинитивно ќе ставам крај на кариерата како тренер. Не говорам за далеку во иднината, но нема да го напуштам Манчестер Сити и да отидам во друга држава да го работам тоа што го работам и сега.
Не би имал енергија за тоа. Се уште сум тука. Помислата да одам на друго место со процесот на тренинг и се останато… Не, не, не. Можеби би водел репрезентација, но тоа е нешто друго“, откри Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА