Манчестер сити веќе извиси за Дани Алвеш, па Пеп Гвардиола е свесен дека мора што поскоро да реагира и да доведе нов десен бек, откако веќе ги пушти Бакари Сања и Пабло Забалета да си заминат. Кајл Вокер е решението за проблемот на „граѓаните“, а денеска беше обелоденето дека Сити конечно го договорил овој трансфер, прифаќајќи ги условите на кои претходно инсистираше Тотенхем.
Лондонскиот клуб од почетокот на преодниот рок инсистираше на 50 милиони фунти, Гвардиола не сакаше ни да чуе за толкава отштета, но откако остана без планираното доаѓање на Алвеш сега каталонскиот стратег самиот инсистирал преговорите за Вокер што поскоро да бидат финализирани. Англиските медиуми објавија дека Сити ќе плати 40 милиони фунти, плус дополнителни 10 милиони преку неколку клаузули.
Вокер е првото бековско засилување за Манчестер сити летово, а „граѓаните“ сега би требало фокусот да го насочат кон позицијата лев бек, каде желба на Гвардиола е уште еден играч на Тотенхем, Дени Роуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА