Габриел Хесус и Кевин де Бруин ќе бидат во „аут“ извесно време, а згора на тоа Пеп Гвардиола се уште не може да смета ниту на услугите на Давид Силва. Шпанскиот ас ги пропушти последните натпревари против Њукасл и Кристал палас поради семејни причини, британските медими објавија дека тој се наоѓа во татковината, а Гвардиола денеска изјави дека ниту тој не знае кога Силва би можел да се врати на терените.
„Личниот живот секогаш е поважен од се останато. Не станува збор за повреда, туку за лични причини и ние не го брзаме Давид Силва. Искрено, ни самиот не знам кога ќе дојде назад на тренинзи, но ќе го стори тоа кога ќе биде подготвен, ние нема да го избрзуваме“ – изјави Гвардиола.
Манчестер сити утре ќе го пречека тимот на Ватфорд во својот прв меч во 2018 година, во обид повторно да влезе во победнички ритам по неочекуваното реми против Кристал палас на 31 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА