Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше по победата на неговиот тим против тимот на Нотингем Форест од 3:0 во натпреварот од 14. коло на англиската Премиер лига. Со овој успех беше ставен крај на страшната серија на „граѓаните“ од 4 последователни порази во Премиер лигата , како и 7 последователни натпревари без победа во сите натпреварувања.
Триумфот им овозможи на шампионите да се вратат во топ 4, каде што може да останат ако Брајтон „киксира“ вечерва против Фулам.
„Победивме. Тоа е главната работа. Ни требаше оваа победа. Клубот, играчите – на сите им беше потребна. Не знам дали овој натпревар ќе биде пресвртница за Сити, се надевам дека така ќе биде. Тоа е само една победа“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

