Менаџерот на Манчестер Сити уште еднаш одговори на гласините дека би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Тој одговори на шеговит начин на прашањето дали ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната, и кој ќе биде факторот што ќе одлучи за неговата иднина во Манчестер Сити.
„Што ќе биде факторот кој ќе биде одлучувачки? Времето! Ќе го почекам да се смени, па потоа ќе одлучам“, рече Гвардиола во шега.
Тој дополни дека клубот никогаш не барал од него да каже предвреме за иднината.
„Да бидам искрен, клубот никогаш не ми наметна притисок да одлучувам за мојата иднина. Никогаш!“, рече Шпанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА