Англискиот првак Мначестер сити води жестока битка за шампионската титула во Премиер – лигата со Ливерпул, но менаџерот Пеп Гвардиола паралелно размислува и за нови засилувања кои би требало да пристигнат на „Етихад“ по завршувањето на сезоната. Шпанскиот стратег сака да ја засили конкуренцијата во одбраната со младиот и талентиран фудбалер на Лестер, Бен Чилвел. Тој е еден од најголемите таленти на англискиот фудбал и Гвардиола сака да го има во својот тим.
За ова е подготвен да плати 50 милиони фунти. Лестер пред три месеци го осигура потписот на Бен Чилвел до 2024 година, а тој доби неделна плата од 110.000 фунти. Сепак, Манчестер сити е подготвен да ја удвои неговата заработка и да го ангажира 21-годишниот дефанзивец. Првиот обид ќе го направи веќе во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА