Манчестер Сити е во страшен пад на формата веќе неколку недели. Четата на Пеп Гвардиола никако не може да излезе од кризата која го има зафатено тимот.
Менаџерот Пеп Гвардиола рече дека очекувал во еден миг екипата да падне, но самиот е изненаден што падот трае веќе предолго, и Сити воопшто не личи на шампионски тим.
„Порано или подоцна ќе се вратиме. Понекогаш се потсетувам колку бевме добри порано, вистина е. Сега разбирам што е работата. Имавме повреди и во минатото, но не покажувавме толку слабост. Очекував да имаме благ пад, но не очекував дека тој ќе биде волку многу. Главна причина се повредите на 7-8 играчи. После тоа проблем е исто така и играњето на секои три дена. Тоа станува претешко“, изјави тренерот на Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА