Гвардиола одлучи: По Сити, ќе земам долг, долг одмор од фудбалот…

Пеп Гвардиола се надева дека во новата сезона ќе успее да го врати Манчестер Сити на врвот на англискиот фудбал, но трофејниот стратег истовремено е свесен и дека се ближи крајот на неговата авантура како предводник на „граѓаните“.

Каталонскиот стручњак освои се што можеше да се освои со Сити, потпиша и нов договор со важност до јуни 2027 година, но лесно може да се случи тој на крајот од новата сезона да си замине од клубот.

„Едно е сигурно, кога ќе си заминам од Манчестер Сити, тоа ќе биде и мое повлекување на неодредено време. Не знам кога и дали ќе се вратам на тренерскиот занает, едно е сигурно, ќе ми треба долг, долг одмор бидејќи сум навистина исцрпен. Такво нешто чувствував и кога си заминував од Барселона, морав да одморам од се, телото да ми се регенерира. Не знам колку овојпат ќе трае процесот, но можам да гарантирам дека по повлекувањето од Сити нема да размислувам за нов тренерски ангажман некое време“, обелодени Пеп Гвардиола.

Се вчитува...