Гвардиола одлучи: Родри може да оди во Реал Мадрид, но под еден услов

Играчот на Манчестер Сити Родри би можел да го напушти „Етихад“ на крајот на сезоната и да замине во Реал Мадрид. Наводно Пеп Гвардиола веќе одлучил да го продаде Шпанецот, меѓутоа само доколку договори негова замена.

Наводно станува збор за младиот играч на Баерн Минхен, Александар Павловиќ. Павловиќ е еден од најдобрите млади играчи од средниот ред, и желба на Гвардиола да го донесе во Манчестер.

Баерн Минхен ќе се обиде да одолее на понудите за својот фудбалер. Освен Манчестер Сити, за него се интересира и Челси и подготвува голема понуда на лето.

Се вчитува...