Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, истакна задоволство по освоениот пехар во светското клупско првенство, со што англискиот тим го освои петиот трофеј во оваа година.
Гвардиола кажа дека е горд на овој клуб, и дека вечно во Англија ќе се зборува за оваа година во која Сити освои се што можеше да се освои.
„Многу сум горд на овој клуб. Освојувањето на Светското клупско првенство значи дека сме најдобар тим во светот. Нашите играчи секојдневно работат напорно за успеси. Како тренер најмногу сум горд дека секогаш сме подготвени да одиме кон врот. Да се освои тројната круна е единствен момент, но да се земат уште два потоа, и сега да се имаат сите пет трофеи, зборува за уникатниот менталитет на овој тим, клуб и навивачи. Ова е ншто што ниту еден англиски тим го нема постигнато, и секогаш ќе го паметиме овој момент“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА