Николас Отаменди премина во Бенфика во замената за Рубен Диас кој стигна на „Етихад“. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има само пофални зборови за својот поранешен фудбалер, велејќи дека е еден од најголемите борци со кои што работел во кариерата.
„Отаменди веројатно е најголемиот борец кој што сум го тренирал во кариерата. Во сезоната во која ја освоивме титулата со 100 бода тој играше со скршен глужд. Неверојатен фудбалер на кој му посакувам многу среќа во иднина“, изјави Отаменди.
Отаменди во Манчестер Сити стигна во 2015 година од редовите на Валенсија. За тимот од „Етихад“ одигра 136 натпревари, а осум пати се запиша во листата на стрелците. Беше дел од сите успеси и титули на клубот во последните пет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА