Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри кој пораз во кариерата му бил најтежок. Тој досега покрај англискиот гигант во кариерата ги водеше и Барселона и Баерн Минхен.
„Мој најтежок пораз беше оној против Реал Мадрид кога со Баерн Минхен загубив 0-4. Тоа беше мојот најлош натпревар. Виновен сум за поразот бидејќи катастрофално го водев тимот. Против таков неверојатен тим, ние не смеевме да играме така“, изјави Гвардиола.
Гвардиола и оваа сезона повторно ќе се сретне со Реал Мадрид, откако жрепката одлучи неговиот Манчестер Сити во осминафиналето да се сретне со најтрофејниот клуб во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

