Гвардиола откри што ќе прави со Гвардиол следната сезона

Јошко Гвардиол во последните пет натпревари за Манчестер сити игра како лев бек, а ваквата одлука на тренерот Пеп Гвардиола доведе до подобри резултати и дефанзивна игра за „граѓаните“.

Сити вечерва ја пречекува Астон Вила во 34. коло од Премиерлигата, средба од големо значење во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Гвардиол треба повторно да игра како стопер, а тренерот откри дека размислува да го остави на таа позиција и следната сезона.

„Ми се допаѓа Јошко Гвардиол на позицијата стопер, особено поради конструкцијата на нападот со левата нога, а исто така е многу брз кога треба да го затвори просторот зад себе. Мислам дека тој и Рубен Диас, и како луѓе, се многу несебични и многу комуницираат. Мислам дека изградија многу, многу добро партнерство, па тоа е една од опциите за следната сезона“, објасни Пеп Гвардиола.

Се вчитува...