Гвардиола откри за кој играч жали: „Не сакаше да дојде во Сити ниту за целото злато на светот“

Манчестер Сити и Арсенал утре го играат дербито во 17:30 часот на „Етихад“, меч кој може да го исфрли еден од ривалите за титулата. Арсенал моментално е водечки со 64 бодови, толку има и Ливерпул, а Сити има бод помалку.

Воочи натпреварот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола откри дека сегашниот фудбалер на Арсенал, Деклан Рајс по никоја цена не сакал да дојде во неговиот тим. Тој потоа за 116 милиони евра замина на „Емирати“.

„Постојат многу играчи кој не одбија. Рајс не е првиот кој го сакавме, а кој не сакаше да дојде. Постои долга листа. Рајс не сакаше да дојде ниту за целото злато на овој свет, така што тоа не се оствари. Ја донесе својата одлука, и му посакуваме многу среќа“, рече Шпанецот.

„Секој тим би го посакал Рајс. Тој е капитен на репрезентацијата и млад играч кој има многу натпревари. Затоа Арсенал направи толкав притисок да го потпише“, вели Гвардиола.

Се вчитува...