Реал Мадрид и Манчестер Сити ремизираа со 3-3 во спектаклот на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од четвртфиналната серија во Лигата на шампиони.
На овој натпревар тренерот на англискиот тим, Пеп Гвардиола не можеше да смета на услугите на Кевин де Брујне, еден од клучните фудбалери во тимот и покрај тоа што се очекуваше да настапи од самиот старт. На пресконференцијата за медиуми шпанскиот стартег ја откри причината зошто натпреварот го проследи од клупата за резерви.
„Не се чувствуваше добро. Имавме состанок и тогаш беше подготвен, но кога дојдовме со соблекувалната почна да повраќа“, откри Гвардиола.
Де Брујне оваа сезона настапи на само 16 натпревари поради проблеми со повреди. И покрај тоа, успеа да забележи четири голови и 14 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА