Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за англиските медиуми ја прокоментира тешката повреда на еден од неговите најдобри фудбалери, Родри.
Шпанскиот стартег притоа откри дека сезоната за неговиот сонародник можеби и не е завршена, но и дека предизвикот да најде адекватна замена е негов.
„Чекаме уште некои мислења. Можеби Родри ќе отсуствува и помалку отколку што очекуваме. Еден доктор вели дека станува збор за тешка ситуација, а друг дека не е баш тешка повреда. Затоа чекаме“, открива Гвардиола.
„Кога ќе останете без еден од најдобрите фудбалери на светот тогаш станува збор за голема загуба. Но, мојата задача е да најдам решение. Претходната сезона три месеци бевме без Халанд, без Де Брујне, но ја освоивме Премиерлигата. Имам предизвик пред себе“, додава искусниот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА