Гвардиола открива: За Халанд се грижиме 24 часа во денот

Модерниот фудбал носи и модерни предизвици, а следењето на развојот на технологијата и користењето на новите методи и филозофии се нешто што се клучно за напредокот и одржливоста на играчите.

На оваа тема говореше Пеп Гвардиола која откри како работи тимот на Манчестер Сити. Шпанскиот стратег за пример го зема Ерлинг Халанд за кој вели дека нивните служби се грижат во текот на сите 24 часа во денот, се следи храната, одморот, спиењето и тренингот кој е повеќе надвор отколку на самиот терен.

„Не знам како работел во Дортмунд, но ние го пратиме 24 часа. Имаме неверојатни доктори и физиотерапевти, тие се со него секоја секунда од денот. Не можете да потрошите голема сума на пари и да се препуштите на судбината. Не знам како работат другите клубови, но во Манчестер Сити ние се грижиме за играчите. Се грижиме за храната, одморот, спиењето, тренингот… Постојат податоци кои говорат дека играчите не можат да тренираат подолго од 10-15 минути. Халанд повеќе време поминува во тренинг центарот отколку на теренот. Во денешниот модерен фудбал играчите повеќе тренираат надвор отколку на теренот.

Ме критикуваат зошто сум го заменил Халанд против Лајпциг кога постигна пет гола. Тој се повреди на мечот со Барнли и не можеше да биде со нас против Ливерпул, а и за репрезентатицијата на Норвешка“, открива Гвардиола.

Се вчитува...