Повредите на клучните играчи за врска, Родри и Матео Ковачиќ ќе го примораат Пеп Гвардиола да отстапи од својоата идеологија и веќе во јануари да издвои сериозна сума на пари за ново засилување со цел спас на сезоната во која полека ја губи битката за титула во Премиерлигата.
Квалитетни зимски засилувања во Манчестер Сити во ерата на шпанскиот стратег можат да се набројат на една рака (Емерик Лапорт, Габриел Жесус и Хулијан Алварез), па така овој период од годината „граѓаните“ често го користеа за засилувања за иднината (Клаудио Ечевери, Максимо Пероне…)
Овој пат тоа нема да биде случајот. Високо на листата на желби на Гвардиола и понатаму се наоѓа фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, но кој не е расположен за промена на средината. Покрај Шпанецот, за искусниот стратег атрактивен е и Бруно Гимераеш од Њукасл Јунајтед.
Пеп ќе има над 100 милиони фунти за трошење во јануарскиот преоден рок, па останува да се види колку и нови засилувања ќе успее да ги донесе трофејниот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА