Гвардиола отворено: Истото се случуваше и во Југославија, политичарите и НАТО се неспособни

Воениот конфликт во Украина е главна тема и меѓу голем дел од фудбалската јавност, а Пеп Гвардиола отворено ги нападна политичарите и челниците на НАТО, посочувајќи ги како неспособни да го разрешат конфликтот.

Британската јавност жестоко го критикува рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина, но Гвардиола потсети дека и во минатото сме биле сведоци на слични акции.

„Ова што го гледаме не се случува поради нечие знаме или дел од државата, се што се случува, се случува за пари. Да не заборавиме, бевме сведоци на слични работи и во Југославија, потоа во Сирија, Палестина… Невини луѓе умираа во минатото поради еден или двајца луѓе, и сега повторно го гледаме истото. Да нема пари, би немало ни војни. Треба да се реагира, да се покаже солидарност, но тоа е само обичен гест. Работа на политичарите е да се избегнат вакви конфликти, но тие се случуваат затоа што се неспособни. НАТО е европските организации се тотално неспособни“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...