„Јас сум генијалец!“, кажа Гвардиола по победата над Челси

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пофали дека е „генијалец“ откако двојната замена му донесе победа на неговиот тим во дуелот со Челси. Ријад Махрез го донесе Сити до триумф, и со тоа ја намали разликата од првопласираниот Арсенал. Само три минути откако влезе во игра, заедно со Грилиш, двајцата „сервираа“ победа на Сити. Грилиш запиша асистенција.

Гвардиола претходно на теренот од клупата ги уфрли Луис, Аканџи, Вокер и Кансело, во обид да ја „оживее“ екипата на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“.

„Првото полувреме бевме слаби. Нашиот пресинг беше слаб, и не бевме добро организирани. Во вториот дел после влегувањето на Аканџи и Рико бевме добри. Јас сум генијалец. Затоа што после Евертон ме прашаа зошто не направив замена до 81. минута. Денеска размислував за тоа и направив нешто. Можевме и да загубиме тука, а сега имаме пет поени разлика. Мораме да се докажуваме. Имам чувство дека луѓето мислат дека ние во ноември треба веќе да ја имаме обезбедено титулата, но тоа не е можно“, рече Гвардиола.

Се вчитува...