Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер сити, Пеп Гвардиола смета дека неговата екипа се уште има шанси да се најде во полуфиналето од Лигата на шампионите, иако синоќа загуби од Ливерпул убедливо со 3-0.
Иако екипата на Гвардиола изгледаше беспрекорно во текот на целата сезона, синоќа го положи оружјето на „Енфилд“ тотално беспомошна. Сепак, Пеп смета дека уште ништо не е готово…
„Во фудбалот се е можно. Резултатот е таков каков што е, но чувствувам дека уште ништо не е готово. Верувам во својот тим кој многу позитивни нешта ми покажа оваа сезона. Имаме уште 90 минути, баш како и Јувентус и Севилја. Ќе се обидеме, иако е компликувано бидејќи играме против врвен тим. Ни требаше само еден гол од овој меч, но ете не успеавме да го постигнеме“ – вели Гвардиола и дополнува:
„Во оваа просторија веројатно никој не верувам дека може да поминеме, но веќе утре ќе ги убедиме играчите дека можат. Ливерпул го понесе и прекрасната атмосфера на ‘Енфилд’. Сега дома не смее и да примиме гол ако сакаме пласман понатаму. Но знаме дека можеме, затоа што моите играчи имаат карактер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА