Гвардиола по мечот со Феенорд со крвав нос и гребаници на лицето

Нов неуспех на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. Порази во пет натпревари во низа, а синоќа по водство од 3-0 против Феенорд, на крајот освоија само бод. Беше блиску Сити да ја прекине лошата серија, меѓутоа на крајот грешките на Гвардиол и на Едерсон ги чинеа „граѓаните“ два бода.

По мечот Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот, и многу црвени гребаници на главата. На новинарско прашање, тој одговори:

„Со ноктот си го пресеков носот. Сакав да се повредам самиот себе“, рече Гвардиола.

Се вчитува...