Гвардиола по поразот: Ако играме вака, немаме шанси против Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Сити, синоќа беа елиминирани од Карабао Купот од тимот на Саутемптон. Изненадувачки, Саутемптон тримфираше со 2-0, и со тоа избраниците на Пеп Гвардиола се простија од еден трофеј сезонава.

Менаџерот на Сити Гвардиола, не беше задоволен од изданието на неговата екипа, и напомена дека со ваква игра ќе нема шанси да се добие следниот меч, градското дерби против Јунајтед.

„Не игравме добро, од почетокот ништо не чинеше. Има натпревари кога ќе тргнете лошо, па ќе го свртите резултатот, но ние тоа не го сторивме. Кога не си подготвен за мечот, тогаш се случува да доцниш и не постигнеш гол. Кога си подготвен, тогаш стигнуваш и погодуваш“, рече Гвардиола и додаде:

„Имам чувство дека не е до тимот кој го испратив на терен, туку до играта. Ако играме вака и против Манчестер Јунајтед, нема шанси да го добиеме дербито“, истакна менаџерот на Сити.

Се вчитува...