Гвардиола: Поблиску сум до заминување отколку до нов договор

Манчестер Сити со триумф над Вест Хем Јунајтед во последното коло од Премиерлигата успеа да ја одбрани шампионската титула и воедно да ја освои четвртата титула во елитниот шампионат едно по друго.

Сепак еуфоријата кај навивачите ја спласна тренерот Пеп Гвардиола на пресконференцијата за медиуми по натпреварот со шокантна изјава за неговата иднина. Шпанецот има договор до 2025 година кој ќе го испочитува во целост, а потоа…

„Вистината е дека сум поблиску до заминување отколку до останување. Разговарав со клубот и чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона тоа е сигурно, но во текот на сезоната ќе разговаравме. Осум, девет години сум веќе во клубот. Ќе видиме што ќе се случува понатаму“, изјави Гвардиола.

Гвардиола го превзеде кормилото на Манчестер Сити во 2016 година и со клубот освои се што можеше да се освои.

Се вчитува...